Поранешниот ракометар на Металург, српскиот интернационалец Момир Рниќ од Автокоманда се врати во Пролетер Зрењанин каде што и ја започна професионалната кариера.
Како што пренесува српски „Журнал“, искусниот бек има повеќе понуди да ја промени средината, но сепак тој се одлучил да остане во својот клуб во Зрењанин.
Покрај тоа, Момир Рниќ започнал да се образува во тренерскиот дел и наскоро би требало започне да работи со кадетската екипа што би било негов прв таков ангажман.
Рниќ во Металург помина само една година, претхнодно играше и за Горење и Целје, а потоа замина во Бундес лигата каде што играше за Гепнген, Мелсунген и Рајн Некар.