Судиската двојка од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари, добија делегирање за уште еден голем настан.
Европската ракометна федерација ги одреди арбитрите за младинското ЕП што ќе се игра во Португалија, а меѓу се и Николовски и Металари.
Европското првенство ќе се игра во Гондомар, Виља Де Гаиа и Матошињос – а титулата ја брани селекцијата на Германија.
Претходно македонската судиска двојка доби уште едно делегирање од ЕХФ за голем настан – сениорското ЕП за жени што ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора.