Поранешниот репрезентативец на БиХ, Владимир Врањеш, според информациите на „Спорт Спорт Ба“, е пред трансфер во португалската Бенфика, која оваа сезона ја освои титулата во Лигата на Европа.
Врањеш би ја зголемил конкуренцијата на пикерската позиција и бит требало да биде замена за екс вардарецот Рожерио Мораеш кој оди во Мелсунген. Врањеш за место би се борел со Алексис Боргес и Пауло Морено,
На искусниот Јонас Калман му заврши догворот со Бенфика, па португалскиот тим посакува негова замена да биде Андреј Јуринок од Мешков Брест.
Актуелниот договор на Врањеш со Мешков Брест е до 2024 година. Јуринок со белорускиот шампион има договор за уште една сезона, но поради ситуацијата во Украина, како и санкциите на ЕХФ за клубовите од Белорусија, клубот не би требало да им прави проблеми за трансфер.