Женската селекција на Португалија со 15 ракометарки ќе настапува на Медитеранските игри во Алжир.
Во Оран, селекторот Хозе Антонио Силва ќе смета и на три интернационалки, кои настапуваат надвор од Португалија.
Станува збор за голманките Изабел Риос и Џесика Фереира, кои бранат во германскиот Некарсулмер и францускиот Клермон, додека 19-годишната Мариана Брито, која настапува на сите бековски позиции е членка на данскиот Оденсе.
Португалија е последен ривал на Македонија во групната фаза, а натпреварот ќе се одигра на 2 јули од 13:00 часот.
Во групата покрај Португалија и Македонија, се наоѓаат и Турција и Србија.