Двајцата поранешни играчи на Металург, Златко Хорват и Марко Тарабокија, остануваат во шампионатот на Унгарија и во следната сезона.
Екс репрезентативецот на Хрватска, Златко Хорват со повремениот репрезентативец на БиХ, Марко Тарабокија, по заминувањето од Металург ги засилија редовите на унгарски Дабас.
Тарабокија, кој игра на позицијата среден бек, во унгарскиот суперлигаш пристигна на почетокот на минатата сезона, додека десното крило, Хорват пристигна четири месеци подоцна.
И двајцата ракометари се покажаа во одлично светло во унгарскиот шампионат, а раководството на Дабас реши со нив да соработува и во иднина.
Дабас во минатата сезона заврши на 11. позиција на табелата, со што беше обезбеден опстанок во најквалитетното натпреварување во Унгарија.