Тимот на Младост Богданци во претстојната сезона ќе се обиде да го направи тоа што не му успеа оваа сезона – да направи камбек во елитното друштво.
За таа цел тимот од Богданци ги пополни своите редови со двајца кадетски репрезентативци. Станува збор за голманот Благој Панов и десниот бек Давид Иванов, кои потпишаа договори на две сезони, a доаѓаат од Тиквеш од Кавадарци.
Во Богданци очекуваат да се врати и Душан Каркалашев, тука се актуелните кадетски репрезентативци Стојанчо Наумовски, Антонио Николоски и Илија Чрчев, па Младост ќе има млад и амбициозен тим што ќе брка висок пласман.
Составот е надополнет со искусните Никола Роглев и Горан Паунков, па тренерот Митко Стоилов ќе има солиден тим во Првата лига и ќе може да се надева на камбек во елитното друштво.
Од тимот замина средниот бек Саше Михајловиќ, кој се пресели во новиот суперлигаш Вардар Неготино.