Хрватскиот првак Загреб го пополнува ростерот пред стартот на новата сезона во која ќе влезе со зголемени амбиции.
Ново име во тимот на Ивица Обрван е словенечкиот голман Алјаж Пантјар, кој ќе го замени Филип Ивиќ, кој пак се пресели во францускиот Шамбери.
„За мене е голема чест што ќе играм во Загреб. Тоа е звучно име во ракометот во Европа. Овој трансфер ќе биде чекор напред во мојата кариера. Со нетрпение чекам да заиграм во Лигата на шампионите. Верувам, дека во претстојната сезона ќе ги исполниме сите очекувања и ќе покажеме одличен ракомет“, вели Пантјар.
Претходно Загреб договори звучни засилувања и ги донесе левиот бек Вуко Борозан од Ал Араби и десниот бек Милан Милиќ од Нант.