По Димитар Димитриоски, уште еден поранешен вардарец ќе стане член на Ваљадолид, тимот од Асобал Лигата.
Станува збор за десниот бек Жозе Де Толедо, кој ќе се обиде да ја врати кариерата во вистинскиот правец по големите проблеми со повреди.
28-годишниот Де Толедо се враќа во Асобал лигата по настапите за Гранољерс во 2015 година, пред да замине во полската Висла Плоцк.
Во Вардар, Де Толедо мина една сезона, 2019/2020, а потоа се пресели во романската Баја Маре, пред да паузира една година од ракометот.
Во Ваљадолид тренер е Давид Писонеро, кој седеше на клупата на Вардар кратко време.