Тимот на Загреб денеска има прва шанса да ја одбрани титулата во хрватското првенство, откако води во серијата до 6 бода, односно три победи со 4-2 во бодови (2-1 во победи).
Предводени од Иван Чупиќ, „плинарите“ ќе се обидат да ја искористат шансата и уште во Нашице да стават крај на дилемите и да избегнат петти меѓусебен натпревар на свој терен.
„Мислам дека треба да играме цврста одбрана и да се држиме до тоа што го играме. Во Пореч го освои мојот прв трофеј во Хрватска во Купот, а сега сакам првпат и титула во првенството. Бев првак на Словенија, четири пати на Полска, четири во Македонија. Имам 26 титули досега, а титула во Хрватска би била прекрасен додаток на целата приказна“, изјави Чупиќ за „Спортске Новости“.
Загреб би можел да го искористи фактот што Нексе Нашице игра на завршниот турнир во Лигата на Европа в сабота и недела, па ракометарите на Бранко Тамше сигурно веќе со мислите се во Лисабон.