Тимот на Вардар полека го комплетира играчкиот ростер за наредната сезона, а по Цехте, Анѓелиќ и Дуарте, четврто засилување ќе биде рускиот репрезентативен кружен напаѓач Павел Андреев.
Искусниот репрезентативец на Русија во разговор за рускиот „Брз Центар“ официјално го потврди трансферот во актуелниот македонски шампион, иако, од „црвено-црните“ сѐ уште нема официјална потврда за доаѓањето на пикерот од Чеховски Медведи.
,,Вистина е дека одам во Вардар. Официјално потврдувам сѐ, договорот со Вардар е веќе потпишан” изјави Андреев.
Андреев шест сезони беше дел од Лигата на шампионите со рускиот првак, а последните две играше во Лигата на Европа. Минатата сезона даде 30 гола, додека актуелната сезона, во групната фаза на осум меча постигна 15 погодоци.