Денес во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци започнува борбата за освојување на Куп титулата во женска конкуренција. Во денешната програма ќе се одиграат две полуфинални средби. Финалето е закажано за в недела.
Учесници на годинешната завршница на Ф4 во Купот кај дамите се екипите на Куманово, Металург, Ѓорче Петров и Чаир.
Актуелен бранител на Куп титулата е составот на Куманово, кој во ланското финале беше убедлив против Вардар со 26:18.
Најмногу титули во историјата има освоено поранешниот европски шампион, Кометал ЃП, вкупно 16, додека на второто место се наоѓа Вардар со шест Куп титули. Екипата од Автокоманда, Металург, има четири титули во Купот, а актуелниот бранител, Куманово, во 2019 и 2021 година се радуваше на првото место во Купот.
Првото полуфинале ќе го отворат Куманово и Металург. Овие две екипи последен пат се сретнаа во натпревар од плеј-оф фазата во Женската лига, кој заврши без победник, 22:22.
Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Ѓорче Петров и екипата на Чаир, која ќе се бори за најголемиот клупски успех.
Куп на Македонија – полуфинални двојки
14.05.2022
КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ 14:00 ЧАСОТ
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ЧАИР 17:00 ЧАСОТ