Еурофарм Пелистер се враќа со бодови од Охрид победувајќи со 24-21 (12-11) иако многу потешко од очекувањата. Домашните ракометари се „држеа“ во поголемиот дел на натпреварот, но на крајот не издржаа во намерата да направат изненадување.
Стипе Мандалиниќ и Елмир Граџан постигнаа заедно 17 гола од вкупно 24 за Еурофарм Пелистер, и се најзаслужни за триумфот на битолчани.
Охриѓани остануваат на последното место на табелата во плејофот, а Еурофарм Пелистер останува на второто место и ќе чека евентуален кикс на Вардар, на две кола до крај на првенството.
Играјќи со 13 ракометари Охрид даде силен отпор, а имаше на моменти и предност и од два гола. Но, Еурофарм Пелистер лесно се справи со домашниот тим кој последен пат успеа да израмни на 18-18. Потоа се беше во знакот на битолчани. Предноста стигна и до „плус 4“ за водство 23-19.
Кај домашниот тим Филип Николов постигна девет гола. Во следното коло Охрид гостува кај Тиквеш, а Еурофарм Пелистер игра против вториот тим на пелистерци.
ОХРИДЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
11 мај 2022
21 - 24Крај |
Детали
Датум | Време | Лига | Сезона | Match Day | Крај |
---|---|---|---|---|---|
11 мај 2022 | 00:51 | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА | 2021/2022 | 07.05.2022 | 60' |
Место
СРЦ „Билјанини извори“ |
---|
Резултати
Екипа | 1-во полувреме | 2-ро полувреме | Резултат |
---|---|---|---|
ОХРИД | 11 | 21 | Пораз |
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР | 12 | 24 | Победа |
ОХРИД
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
1 | Јагош Брауновиќ | голман | 0 | 0 |
4 | Крсте Андоновски | лево крило | 1 | 2 |
6 | Филип Кривокапиќ | централен бек | 0 | 1 |
8 | Наум Костов | десно крило | 0 | 0 |
10 | Филип Николов | десен бек | 0 | 9 |
11 | Мице Шилегов | десно крило | 0 | 2 |
14 | Михајло Младеновиќ | лев бек | 0 | 1 |
19 | Иван Тасески | пивот | 0 | 1 |
21 | Филип Грубор | пивот | 1 | 0 |
24 | Мартин Манасков | лев бек | 0 | 1 |
34 | Мартин Ивановски | централен бек | 0 | 4 |
35 | Николче Ристески | лево крило | 0 | 0 |
Вкупно | 2 | 21 |
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
1 | Филип Ивановски | голман | 0 | 0 |
2 | Матео Мараш | десен бек | 1 | 0 |
3 | Гоце Ојлески | лево крило | 0 | 0 |
4 | Никола Маркоски | пивот | 1 | 1 |
6 | Бојан Маџовски | лево крило | 0 | 0 |
7 | Дејан Кукуловски | лев бек | 1 | 3 |
9 | Стипе Мандалиниќ | лев бек | 0 | 9 |
12 | Мартон Секељ | голман | 0 | 0 |
13 | Мирко Радовиќ | десен бек | 0 | 0 |
14 | Марио Танкоски | централен бек | 0 | 0 |
18 | Јосип Периќ | централен бек | 0 | 0 |
19 | Ненад Костески | десно крило | 0 | 0 |
32 | Јосип Божиќ Павлетиќ | десно крило | 1 | 3 |
59 | Елмир Граџан | пивот | 0 | 8 |
98 | Марко Кизиќ | голман | 0 | 0 |
Вкупно | 4 | 24 |
Officials
Судии: | Делегат: |
---|---|
КОЛЕВСКИ ЃОКО КРКАЧЕВ САШО | КУРТОВИЌ ЦАНО |