Екипата на Бутел предводена од голманот Бојан Блажески со 15 интервенции славеше на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш, со резултат, 27:28, во натпревар од 8. коло од плеј-оф фазата во Суперлигата.
Блажески беше херојот на Бутелци бидејќи не дозволи поделба на бодовите од овој натпревар, го одбрани зицерот на Лазов во последната секунда, а пред тоа, исто така беше поуспешен во дуелот со Дрогришки.
Ракометарите на Тиквеш во поголемиот дел од првото полувреме беа во минимална предност од еден до два гола разлика и најчесто кога требаше да дојдат до три позитива грешеа во нападот. Во неколку наврати водството на Тиквеш беше плус два, но гостите од Бутел не дозволуваа домаќинот да се одлепи на поголема разлика и секогаш наоѓаа начин да дојдат до израмнување на резултатот.
Така беше до 25 минута кога резултатот беше нерешен, 11:11. Тиквеш со серија од 3:0, која беше дело на Лазов, Симиќ и Гошевски, за првпат на натпреварот поведе со плус три, 14:11. Иако, се очекуваше домашниот состав да го задржи водството, сепак, гостите со два брзи гола за една минута успеаја да се изборат за минус еден на полувреме, 14:13.
Тиквеш од почетокот на второто полувреме, па сѐ до 45 минута ја диктираше играта на терен. По водството од 21:19, гостите со погодоците на Младеновски и Мајиќ го израмнија резултатот, 21:21. Во последните петнаесетина минути беше јасно дека само нијанси ќе решават за денешниот исход во СЦ „Јасмин“.
Падот во играта на Тиквеш беше искористен од страна на гостинот, кој направи пресврт и поведе со 23:24 на речиси десет минути пред крајот. Следуваше игра гол за гол и резултатска неизвесност. Домаќините имаа неколку шанси за израмнување на резултатот, од кои последните две беа на дваесетина секунди пред крајот, но голманот Бојан Блажески го одбрани зицерот на Дрогришки и Лазов и заслужено се радуваше со своите соиграчи на освоените бодови од Кавадарци.
Најефикасен во победничката екипа беше Мирко Мајиќ со осум погодоци. Во екипата на Тиквеш се истакнаа Страхиња Симиќ со осум и Стефан Трпчевски со четири погодоци.
![]() ![]() 27 - 28Крај |
Детали
Датум | Време | Лига | Сезона | Match Day | Крај |
---|---|---|---|---|---|
11 мај 2022 | 00:43 | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА | 2021/2022 | 07.05.2022 | 60' |
Место
СЦ „Јасмин“ |
---|
Резултати
Екипа | 1-во полувреме | 2-ро полувреме | Резултат |
---|---|---|---|
ТИКВЕШ 2014 | 14 | 27 | Пораз |
БУТЕЛ | 13 | 28 | Победа |
ТИКВЕШ 2014
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
9 | Орданчо Лазов | лево крило | 0 | 3 |
10 | Стефан Дрогришки | лев бек | 1 | 3 |
11 | Евгениј Темелкоски | десно крило | 0 | 1 |
12 | Марјан Велков | голман | 0 | 0 |
13 | Борче Соколов | централен бек | 1 | 0 |
16 | Александар Стојаноски | голман | 0 | 0 |
17 | Давид Иванов | - | 0 | 0 |
18 | Никола Стефановиќ | пивот | 0 | 0 |
19 | Дејан Гошевски | десен бек | 0 | 2 |
23 | Стефан Милков | - | 0 | 0 |
24 | Дарко Кондев | лево крило | 1 | 1 |
26 | Ристо Окардов | пивот | 0 | 0 |
33 | Димитар Коцев | лево крило | 0 | 2 |
34 | Страхиња Симиќ | централен бек | 0 | 8 |
77 | Јане Јанчев | централен бек | 0 | 3 |
96 | Стефан Трпчевски | десен бек | 0 | 4 |
Вкупно | 3 | 27 |
БУТЕЛ
# | Играч | Позиција | Исклучување | Голови |
---|---|---|---|---|
5 | Иван Андревски | - | 0 | 0 |
6 | Јовица Младеновски | лев бек | 1 | 6 |
7 | Томче Стојановски | лев бек | 1 | 0 |
8 | Димитар Ѓеоргиевски | централен бек | 1 | 2 |
10 | Марко Митев | централен бек | 0 | 4 |
14 | Бојан Спасовски | пивот | 0 | 0 |
17 | Бојан Спасовски | десен бек | 1 | 1 |
22 | Стефан Стојчевиќ | пивот | 2 | 0 |
28 | Градимир Чаневски | голман | 0 | 0 |
30 | Бојан Блажевски | голман | 0 | 1 |
33 | Владимир Јевтиќ | пивот | 0 | 0 |
34 | Кристијан Василевски | пивот | 0 | 3 |
64 | Мирко Мајиќ | лево крило | 0 | 8 |
96 | Кристијан Давитковски | десен бек | 0 | 3 |
Вкупно | 6 | 28 |
Officials
Судии: | Делегат: |
---|---|
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ НИКОЛОВ СЛАВЕ | НАУМОВСКИ РУСЕ |