Екипата на Прилеп, која се бори за опстанок во Супер лигата, доби засилување за останатите натпревари од плеј-аут фазата во името на повратникот во тимот, Александар Тренчевски.
Кружниот напаѓач во последните четири месеци настапуваше за екипата на АИФК од Финска. Таму замина токму од екипата на Прилеп, во која постигна 50 гола во регуларниот дел од Супер лигата во оваа сезона.
Тренчевски веќе тренира со ракометарите на Горан Кузманоски и неговиот камбек во дресот на Прилеп се очекува да биде веќе денес. Прилеп во „Ристе Ристески – Ричко“ ќе биде домаќин на Скопје во натпревар од 7 коло.
Искусниот ракометар во својата кариера настапуваше и за екипите на Вардар Јуниор, Зомимак, Струга, Астраион, како и за клубовите од Финска – Паргас ИФ и АИФК.