Михаил Биглер кој беше поранешен селектор на Полска, Украина и Германија тренерската кариера ја продолжува во Германија каде што ќе седне на клупата Лудвигсхафен.
Биглер во наредниот период ќе има задача да го извади бундеслигашот од кризата во која се наоѓа во елитното друштво.
Лудвигсхафен е во серија од четири порази и поради тоа падна на 12. место на табелата. По лошите резултати оставка си поднесе Цефен Клат. Биглер ќе се обиде да ја подобри формата на екипата во преостанатите 12 кола до крајот на првенството.
Во зависност од резултатите на тимот соработката меѓу Биглер и Лудвигсхафен може да биде и продолжена.