Македонија ги елиминираше, сега бараат вајлд-карта за Мундијалот!

Досега се познатии 24 селекции што ќе играат на Мундијалот во Полска и Шведска следната година, допрва ќе се одиграат Африканското и првенството на Северна Америка и Кариби, а ИХФ има на располагање и две вајлд-карти.

Веќе се познати пет земји што аплицираа за вајлд-картите што и се на располагање на светската куќа на ракометот. Меѓу нив и Чешка, селекцијата што беше елиминирана во баражот од Македодонија.

Покрај Чешка, барање за вајлд-карта досега во ИХФ испратија и Словенија, Австрија, Холандија и Словачка. Сите овие селекции беа елиминирани во последниот бараж, а нејасно е дали за вајлд-карта ќе аплицираат Украина, Русија и Белорусија.

ИХФ би требало да ги додели вајлд-картите пред ждрепката што е планирана да се одржи на 2 јули, а нашата репрезентација ќе биде во вториот шешир.