Миркуловски за 24ракометТВ: Иднината во стручниот штаб на репрезентацијата ќе зависи од Германците

Вчерашниот натпревар против Чешка за Македонија беше посебен и затоа што тој натпревар беше последен за Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов во репрезентативниот дрес.

Миркуловски во изјава за „24Ракомет“ после натпреварот потврди дека нема да има трето враќање во репрезентацијата затоа што во јуни ќе го одигра и неговиот последен натпревар во Вецлар.

Засега не може да каже и дали ќе остане во стручниот штаб на репрезентацијата, ситуацијата е комплицирана поради неговата работа во Вецлар затоа што Германците не дозволуваат да се работи за клуб и репрезентацијата.

ИЗЈАВАТА НА МИРКУЛОВСКИ