Oдличниот десен бек на Монеплје Марко Паниќ ќе се врати во репрезентацијата на Босна и Херцеговина после повеќе од една година отсуство.
Во „А“ репрезентацијата на Босна тој се враќа после заминувањето на Ивица Обрван од селекторската позиција. Обрван имаше скор 1-7 со Босна и даде отказ пред баражот за Светското првенство со Грција.
„Се враќам сигурно. Добив повик од Сарево и се враќам штом Обрван повеќе не е селектор. Дадов потврден одговор. Можев да им помогнам на момците и против Грција, но едноставно не бев пријавен на списокот“, објасни за „Дневни аваз“.
Иако не беше дел од репрезентацијата на Босна сепак ги следел случувањата, националниот дрес Паниќ го носеше 10 години.
„Беше тотално некоректно што Обрван ги остави момците на цедило на само неколку денови пред собирот и натпреварот со Грција. Мислам дека тука има друга позадина, но со време се ќе се дознае. Обрван покажа дека мисли само на себе. Разбирам ако не е исплатен, но сето тоа е помеѓу него и Сојузот и треба да се одработи на подобар начин за доброто на репрезентацијата“, смета Паниќ.