Eурофарм Пелистер беше поразен во првиот натпревар од двомечот против Нексе во осминафиналето во Лигата на Европа со три разлика 29:26, но и во Нексе знаат дека работата не е завршена.
Нексе сега го очекува гостување во Битола, а репрезентативецот на Хрватска и ракометар на Нексе, Халил Јагањац порача дека очекува тешко гостување во Битола.
„Во Нексе веќе подолго време се гради одлична ракометна приказна, но морам да кажам дека и покрај тоа што се убаво звучи, се уште ништо не сме направиле. Го победивме Пелистер дома три разлика, но не чека реваншот во Битола каде што ќе биде многу тешко. Знаеме како Македонците следат ракомет и каква атмосфера не чека таму“.
Победата против Загреб во домашното првенство ја нарече историска.
„Поминување понатаму во овој момент е наша главна цел. Го победивме Загреб конечно во првенството, тоа е историска победа затоа што знаеме дека 15 години немаа пораз во лигата. Освен резултатски, таа победа е доказ и дека се исплатеа силните вложувања во Нексе, навистина ми е мило што силно одекна во Хрватска“, изјави Јагањац за хрватски „Индекс“
Реваншот помеѓу Еурофарм Пелистер и Нексе во Битола е закажан за на 5-ти април.