Тимот на Егенбург, каде што брани македонската голманка Матеја Серафимова, направи голем успех.
Егенбург обезбеди место во полуфиналето на Купот на Австрија, откако во четвртфиналниот двобој беше подобар од Першолсдорф со 24-23 на гостински терен.
Тимот на Серафимова, која брани во одлична форма во Австрија, го избегна големиот Хипо и во полуфиналниот натпревар на 16 април ќе игра против Штокерау.
Во другото полуфинале некогашниот европски првак Хипо ќе игра со победникот од двобојот меѓу Ферлах и Дорнбирн.