Македонските интернационалци, Александар Тренчевски и Филип Чурлевски, кои што настапуваат во шампионатот на Финска, повторно имаа меѓусебна пресметка.
Екипата на Тренчевски, АИФК, беше победник во дерби натпреварот против СИФ на Чурлевски, со шест гола разлика, 33:27.
Ракометарите од Македонија имаа солиден настап и минутажа на овој натпревар. И двајцата по двапати се запишаа во листата на стрелци, додека Тренчевски забележа и едно исклучување.
Тренчевски една сезона беше дел од составот на Паргас ИФ, а од оваа полусезона го носи дресот на АИФК и стигна до мал јубилеј во Финска – 100 постигнати погодоци.