Tимот на Сифин го потврди трансферот на Јака Малус, 25-годишниот Словенец кој неодамна го напушти Мешков Брест до крајот на сезоната ќе настапува за шпанскиот клуб.
Малус е уште еден во низата играчи кои си пронајдоа нов ангажман после заминувањето од Мешков поради ситуацијата со клубовите од Белорусија. Претходно тоа го направија: Павел Пачковски, Батпис Бонфон и тренерите Нуно Фарел и Даниел Гордо.
Сифин е претпоследен во националниот шампион и до крајот на сезоната го очекува борба за опстанок во најсилната шпанска лига. Mалус на лето по комплетирањето на сезоната во Шпанија, се сели во бундеслигашот Гепинген.
Неодамна за Сифин потпиша и Карлос Молина кој исто така беше принуден да го напушти украинскиот Мотор.