Ракометарите на Вардар на свој терен во СЦ „Јане Сандански“ беа поразени од директниот конкурент за титулата, Еурофарм Пелистер, со 23:24, во натпревар од 2. коло во плеј-оф фазата.
Со поразот од „фармацевтите“ вардарци паднаа на втората позиција, но сѐ уште остануваат во игра за титулата.
Голманот на Вардар, Борко Ристовски не го криеше своето разочарување, но се надева дека неговиот тим ќе триумфира на реванш натпреварот во Битола.
„Мислам дека го одигравме најлошиот натпревар во оваа сезона. Го изгубивме тоа што требаше да биде наша сила, домашниот терен. Но и да победивме денес, ништо немаше да биде завршено. На реванш натпреварот во Битола одиме да победа и таму да ја прославиме шампионската титула“, изјави Ристовски.
Еурофарм Пелистер со “брејк“ во Скопје – За титулата ќе се решава во Битола