Ривалот од на Еурофарм Пелистер од групната фаза во Лигата на Европа грчки АЕК се засили со Белорусинот Иван Мацкевич.
30-годишниот голман на Брест со АЕК потпиша договор на две години.
„Среќен сум што пристигнувам во АЕК. Ова е одличен тим, шампион и освојувач на Купот на Грција. Мило ми е што ќе играм тука“, изјави Мацкевич.
Голманот на репрезентацијата на Белорусија кариерата ја започна во Аркатрон. Потоа продолжи во СКА Минск од каде што во 2017 година пристигна во Мешков Брест.