Светлана Пасичник е еден од најдобрите хрватски ракометарки. Украинката настапуваше за репрезентацијата на Хрватска и 13 години играше за хрватски клубови.
Натурализираната Хрватка во 2005 година беше прогласена за најдобра ракометарка, истото признание го освои и една година подоцна, заедно со Мирза Џомба и Ивано Балиќ.
После завршувањето на кариерата се врати во својот роден град Овдиопол. Неодамна по актуелната ситуација во Украина се пријави и во војска.
Иако лесно можеше да ја напушти земјата, Светлана одлучи да остане и да се бори за својата земја.
„И пред оваа ситуација сакав да се пријавам во војска, но не ме земаа. Кога почна нападот, пак отидов да се пријавам. Ми го земаа телефонскиот број, но се уште ме немаат побарано. Ако ми се јават – одам веднаш, не се плашам. И кога играв ракомет, не се плашев од ништо, на секој натпревар одев „на глава“ на секој натпревар“, изјави Пасичник за хрватските медиуми.