Од поодамна е познато дека Микел Хансен наредната сезона ќе го носи дресот на Алборг и на овој клуб ќе му се приклучи кон крајот на август.
Според „sport.tv2.dk“ Хансен нема да може да се приклучи на Алборг пред 21 август. Причината за тоа се закон за данок во Данска. Имено, кога Хансен официјално ќе стане член на Алборг на 21 август ќе има работен стаж во странство од десет години и еден ден.
Така работодавачот во овој случај Алборг враќа висококвалификувана работна сила од странство и даноците ќе бидат помали, услов е и месечната плата да биде најмалку 70.400 евра. Ако се исполнети сите барања тогаш даночната стапка за Хансен ќе биде 27%.
Ќе потсетиме Хансен во Данска играше во дресот на Копенхаген во 2012 година, клуб кој потоа банкротираше. Во овој момент едед од најдобрите ракометари на сите времиња ги брани боите на француски ПСЖ.