Ракометарите на Загреб го одиграа последниот натпревар во Лигата на шампионите за сезонава откако во последното 14. коло загубија на гостувањето кај Алборг со 31:25. На Загреб му беше потребен барем еден бод да го надмине Елверум и да обезбеди нокаут фаза, но сепак немаа сили на теренот на големиот фаворит.
Алборг одигра на препознатливото ниво и имаше целосна контрола на натпреварот. Данскиот претставник отвори до 5:2, а по десет минути игра водеше 7:4. Чупиќ и Мандиќ реализираа, потоа и Леметер за израмнување во 16. минута. До крај на првиот дел Алборг ја врати предноста од три со замина на пауза со водство од 16:13.
Во продолжението после десетина минути игра Алборг стигна до највисокото водство од шест гола и практично го речи победникот. До крај на мечот Загреб немаше сила, ниту шанса да се врати во игра и да дојде барем до посакуваниот бод кој би можел да ги однесе во слендата рунда. Алборг рутински триумфираше и го освои првото место во групата А.
Најфикасен во победничкиот тим на Алборг беше Феликс Клар со седум гола, а по пет постигнаа Кристенсен и Сандел. Во екипата на Загреб убедливо најефикасен беше Иван Чупиќ кој постигна 11 гола, додека четирипати погоди Лука Ловре Кларица.