Ќе биде жешко во Битола – доаѓаат 150 навивачи на АЕК Атина!

Еурофарм Пелистер во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде домаќин на АЕК Атина во последното 10. коло од групата Д во Лигата на Европа.

Билетите кои беа пуштени во продажба за овој натпревар беа веднаш распродадени, а еден дел добија и гостинските навивачи. За поддржувачите на АЕК беа обезбедени 50 билети, но тие најавија дека ќе допатуваат во Битола во поголем број.

Ова значи дека освен ривалството на теренот, ќе биде присутно и на трибините што би требало да придонесе за уште поубава атмосфера во салата. Од Атина најавени се и се очекува да пристингат во Битола 150 навивачи.

Овој натпревар е многу важен за двете екипи, Еурофарм Пелистер со победа ќе ја потврди втората позиција, додека на АЕК му е потребна победа, а ривалите да загубат за да игра во нокаут рундата. Дуелот е со почеток во 18:45 часот.