Георгиевски: Сакаме да ја завршиме групната фаза со триумф, победнички да одиме во елиминациите

Ракометарите на Вардар ги очекува последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите против норвешкиот Елверум.

Десното крило Гоце Георгиевски вели дека иако бодовите не се важни за Вардар, сепак на играчите им значи бидејќи сакаат групата да ја завршат со победа.

„Така се случи со Брест ние да ги добеиеме бодовите и овој меч со Елверум не ни значи резутлатски. Но играчки многу ни значи, последен од ЛШ сакаме да ја завршиме со победа и на добар начин да отидеме во елиминациите. Елверумм е квалитетен тим, анализиран, одиграа една одлична групна фаза, на сите натпревари беа во егал, победија и некои фаворити, со самото мислам дека ќе биде квалитетен и неизвесен натпревар. За нив ќе значи бидеји имаат ист број бодови со Загеб, но тоа нас не треба да не загрижува и треба да си ја гледаме нашата игра“, вели Георгиевски.

Натпреварот меѓу Вардар и Елверум се игра в среда во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.

Дејвис: На Елверум му требаат бодови, па ние ќе може да видиме до каде сме