Војната во Украина донесе големи проблеми за шампионот на Белорусија кој се соочи со неколку заминувања после санкциите од ЕХФ. Европската ракометна федерација ќе потсетиме донесе одлука да се исклучат сите руски и белоруски екипи од европските натпреварувања.
Мешков Брест е еден од најпогодените тимови затоа што се соочи со заминувања на Јака Малус, Павел Пачковски ,Батист Бонфон, тренерите Даниел Гордо и Нуно Фарел, а последен во низата е Владимир Врањеш.
Од Мешков денес кратко потврдија дека Врањеш поради лични причини ја напуштил Белорусија и се вратил во Босна.
Потврдата за враќањето на Врањеш во Босна стигна пред денешниот натпревар на Мешков против Минск во домашнотои првенство. На местото прв тренер Гордо беше заменет од Дмитриј Тихон за кого денешниот натпревар ќе биде прв на клупата.