Како и секое коло, па и ова, македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, се најде во изборите на медиа тимот на ЕХФ.
Во ремито на Порто кај Фленсбург, 26-26 Митревски беше еден од најдобрите поединци и го запре шутот на домашните што можеше да им донесе триумф.
Една од неговите одбрани се најде во ТОП 5 одбрани на колото, а плус беше избран и за најдобар голман на колото.
Покрај Митревски, во идеалниот тим на колото во ЛШ се најдоа уште и Давид Мандиќ од Загреб, Петар Ненадиќ од Веспрем, Феликс Клар од Алборг, Харалд Рајнкинд од Кил, Мариус Штајнхаузер од Фленсбург и Мохамед Мамду од Динамо Букурешт.
Најдобрите одбрани може да ги погледнете ТУКА, а иделниот тим ТУКА.