Ракометарите на Алборг имаа ново сигурно издание во 12. коло од Лигата на шампионите и на домашен терен без поголеми проблеми го совладаа тимот на Елверум со 32:27.
Овој триумф данскиот претставник го задржува првото место во групата А. Почетокот им припадна на гостите кои во два наврати имаа и тир позитива. Но Алборг не дозволи противникот да го диктира ритамот и во 22. минута го презема водството кое го сочува до крај.
На полувреме Алборг имаше само минимално водство од 14:13. Но уште на стартот на второто полувреме домаќините поведоа со пет гола во 36. минута со 19:14. Ова водство беше доволно за мирна игра до крај на дуелот на Алборг и продолжување на победничката серија.
Најефикасен во екипата на Алборг беше Феликс Клар со шест гола, додека пет постигна Ласе Кристенсен. Во составот на Елверум со осум гола се истакна Синдре Хелдал, додека по пет гола постигнаа Нилсен, Грондал и Јохансон.