Екипата на Тримо Требње, во која настапуваат ракометарите од Македонија, Тоше Ончев и Милан Лазаревски, во својот прв натпревар од оваа календарска година оствари победа против составот на Добова со два гола разлика, 27:25, во рамки од 15. коло во словенечката лига.
Ончев заедно со неговиот колега, Михајло Радојковиќ, беа најефикасни во својата екипа со по пет постигнати погодоци. Поранешниот член на Металург, Милан Лазаревски постигна еден гол.
Тримо Требње на табелата се наоѓа на второто место со 24 бодови. Избраниците на Урош Зорман заостануваат на пет бода од првопласираниот тим на табелата, Целје, кој по 15 одиграни натпревари има 29 бодови.
Следниот викенд, ракометарите на Тримо Требње го играат соседското дерби против екипата на Иванчна Горица, која се наоѓа на 12. позиција на табелата.