Ракометарите на Струга немаа никакви проблеми да запишат нови бодови во 21. коло од Супер машката лига и на домашен терен забележаа лесна и убедлива победа против екипата на Скопје со 35:24.
Струга беше фаворит на овој дуел и натпреварот го започна многу сериозно, домаќинот отвори со 5:1 и најави победа. Скопје од самиот старт бркаше негатива но немаше решение за стружани. Многу рано гостите имаа големо заостанување.
На полувремето Струга беше многу блиску до победата кога водеше 18:10. Во продолжението уште на самиот старт на вториот дел беа решени сите дилеми околу победникот. Бајрактаревиќ и Јанковски погодија за двоцифрена предност која беше недостижна за Скопје.
До крај на натпреварот Струга имаше и највисоки 15 гола предност, но во завршницата Скопје успеа да го ублажи поразот. Ова беше шестта победа за Струга и со 19 бодови се наоѓаат на 9. позиција на суперлигашката табела, додека Скопје е претпоседен со само шест бода.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА