Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Металург кој требаше да се одигра викендов е одложен и ова е веќе четврта средба на тимот на Металург која нема да се одигра во предвидениот термин.
После одлагањето на средбите против Вардар, Радовиш и Охрид сега следува одлагање и на дуелот против Еурофарм Пелистер така што се собираат натпреварите кои Металург ги нема одиграно.
До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште три кола (заедно со она што следува овој викенд). Оттаму останува да се види како ќе течат работите. Доколку Металург успее да ја реши ситуацијата и да ги одигра сите заостанати средби тогаш ќе нема никакви проблеми да се продолжи и да се комплетира прво регуларниот дел од сезоната.
Инаку, во последните две кола Металург треба да игра против тимовите на Бутел Скопје и Скопје 2020.