Келце потпиша уште еден играч – сега има ракометари за два тима!

Келце во последниот период е многу активен на трансфер пазарот. Полскиот тим постојано најавува потпшување на нови играчи и ги продолжува договорите со веќе постојаните ракометари.

Управата на Келце не застанува тука, претседателот Бертус Сервас на социјалната мрежа Твитер објави дека потпишал договор со уште еден млад играч. Се работи за 19-годишен бек кој не е Полјак и кој пристугнува во тимот во текот на оваа година.

Исто така Сервас најави и дека клубот работи на ангажирање и на уште еден ракометар од Полска. Но засега не открива повеќе детали и покрај многуте коментари и прашања на постот.

Името на новиот играч на Келце ќе биде познато во понеделник во 11 часот, договорот ќе биде потпишан на пет години. Со оглед на тоа што играчот е доста млад веднаш ќе биде испратен на позајмица, а во игра се три клубови.