Управниот Одбор на Хрватскиот Ракометен Сојуз имаше состанок вечерва на кој имаше само една точка на дневниот ред – Хрвоје Хорват.
Иако за Хрватите осмото место на Европското место е неуспех, сепак водечките луѓте на тамошниот ракомет решија да му дадат уште една шанса на Хорват.
„Осмото место е далеку од она кон кое ние протежираме, односно хрватскиот ракомет. Тоа е неуспех, но неуспех на кој му кумуваа многу други фактори. Доволно е да кажам – корона. Мораме да се пласираме на СП, нема повеќе алиби, потоа да изградиме една стабилна репрезентација пред Олимписките игри во 2024 година и пред Мундијалот во 2025 на кој ќе бидеме организатори“, вели координаторот на сите репрезентации, Лино Червар.
Во стручниот штаб на Хорват останува легендарниот Ивано Балиќ, но ќе има промени на лекарскиот тим, тренерот на голманите….
Хорват стигна до 15. место на Мундијалот во Египет, а потоа не успеа да ја однесе селекцијата на Олимписките игри во Токио.
Следен предизвик за Хорват ќе биде баражот за Мундијалот во Полска и Шведска, во кој Хрватска ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Украина и Финска.