Стратегот на репрезентацијата на Норвешка, Кристијан Берге има три недели за да донесе одлука за својата иднина бидејќи во Ракометната федерација не сакаат да имаат селектор кој ќе работи и во клуб. Берге мора да одлучи до 18 февруари на која позиција ќе биде во иднина бидејќи има понуда и од новиот милионерски проект на Колстад каде што треба да дојдат голем број на ѕвезди во следните две години.
Поради ова му е поставен ултиматум и ќе мора да реши во следните три недели кога требад а биде одржан состанок.
На маса има продолжување на договорот со Ракометната федерација на Норвешка до 2025 година или преземање на тимот на Колстад веќе од следното лето.
Берге е селектор на Норвешка од 2014 година. Досега одлично го предводеше сениорскиот состав на Норвешка и освои две сребра на Мундијалите во 2017 и 2019 година, а пред две години на Европското првенство Норвежаните беа бронзени. На овој шампионат завршија како петтопласирани со што си обезбедија директен пласман на следното Светско првенство.