Нов предизвик за Мартин Јовановски – се пресели во Германија

Македонскиот чувар на мрежата Мартин Јовановски ќе има нов интернационален предизвик во кариерата.

Тој потпиша за германскиот третолигаш ТУС Дансенберг и до крајот на сезоната ќе ги брани боите на овој клуб.

Дансенберг е со амбиции да разигрува за пласман во Втората Бундес лига и засега добро му оди бидејќи се наоѓа на второто место на табелата, кое носи место во плеј-офот.

Јовановски есента ја мина на голот на финскиот тим ХИФК, па иако имаше понуди за камбек во Суперлигата ја прифати понудата од Германија.

Битолчанецот ги бранеше боите на Пелистер, беше дел од Еурофарм Работник, а настапуваше и за Охрид и Струга, како и за ГС Петролиер од Алжир.