Тимот на Тримо Требње, каде што настапува македонскиот интернационалец Тоше Ончев, обезбеди место во осминафиналето на словенечкиот Куп.
Тримо славеше на гостувањето кај Мокерц со 43-28, а еден од најдобрите стрелци кај победничкиот тим беше токму Ончев.
Македонскиот лев бек постигна пет гола од пет обиди и му помогна на тимот предводен од Урош Зорман за убедливата победа.
Ривалот во осминафиналето Тримо ќе го дознае дополнително.
Кон крајот на декември, за словенечкиот тим потпиша и пикерот Милан Лазаревски, кој го чека дебито на официјален натпревар.