Црногорскиот репрезентативец Марко Ласица се извини за потегот по крајот на натпреварот меѓу Македонија и неговата репрезентација.
Тој плукна кон македонските навивачи и за овој потег ЕХФ немаше милост и го казни со 5.000 евра.
„Сакам да се извинам на целата македонска јавност и да ја објаснам ситуацијата. Целиот натпревар ме гаѓаа со монети и бев плукан, а по мечот еден од таканаречените навивачи по мечот ме плукна кога бев во негова близина и му возвратив. Направив голема грешка и се извинувам. Ја ценам македонската публика, нејзината посветеност кон репрезентацијата и клубовите. Но овие поединци кои се однесуваат недостојно не може да се наречат навивачи. Исто така и Вујовиќ беше погоден со шише од трибините. Меѓутоа и мојата реакција е за секаква осуда и се извинувам уште еднаш за мојот потег“, изјави Ласица за црногорските медиуми.
Црногорецот што ги плукаше македонските фанови доби висока парична казна!