Ракометарите на репрезентацијата на Полска пред средбата со Белорусија, која ќе се одигра денес, беа тестирани на коронавирус во подземен паркинг.
Полјаците преку социјалните мрежи објавија во какви услови беше извршено нивното тестирање. Исто така, тие се незадоволни од организацијата во хотелот.
Како што е познато од претходно, Полјаците имаа седум заразени ракометари, но успеаја да ја совладаат Австрија во првото коло.
„За време на појадокот се сретнавме со гостите од хотелот. Од сите се бара да носат маски и да се дезинфицираат, но не може да се почитуваат ограничувањата за храна. Секако, имаме посебен простор за јадење, но има и заедничко место за послужување на храната“, изјави средниот бек на полската репрезентација, Михал Олејничак.
Mistrzowska rzeczywistość, czyli kolejny test trwa. pic.twitter.com/QNmVQS6o6C
— Handball Polska (@handballpolska) January 15, 2022
Натпреварот меѓу Полска и Белорусија започнува со почеток од 20:30 часот.