Репрезентацијата на Русија со победа го стартуваше Европското првенство 2022 откако во натпреварот против првиот ривал од групната фаза, Литванија, обезбеди триумф со 29:27.
Во воведниот дел од натпреварот и двете репрезентации влегоа во серија на технички грешки, но избраниците на Велимир Петковиќ подобро се снаоѓаа на теренот. Литванците првиот гол го постигнаа по пет минути игра.
Во продолжението, Русија имаше целосно контрола и солидно водство од 6:1. На крајот на првата половина од првите 30 минути, ракометарите на Литванија со серија од три погодоци намалија на 5:8.
Литванците до крајот на првото полувреме постигнаа само еден гол, бидејќи одбраната на Русите не им дозволуваше ни најмал влез во нивиот простор. Кризниот период во таборот кај ракометарите на Миндаугас Андриускас беше причина за водство на Русија од 14:9 на полувреме.
Русија во првите минути од вториот дел ја одржуваше стекнатата предност од првото полувреме. Со голот на Косоротов, водството на Русија во 40. минута беше 20:14. Литванците направија мини серија со неколку погодоци и намалија на четири негатива, 22:18. Русија со голот на Шишкарев се одлепи на 25:20, а потоа следуваа два брзи голови од страна на избраниците на Миндаугас Андриускас за минус три, 22:25.
Селекцијата на Литванија дојде и до два гола негатива во последниот дел. Водството на Русија изнесуваше три позитива, 28:25 во завршните минути. Ракометарите на Литванија на десетина секунди пред самиот финиш намалија на минус еден 27:28, но Русија не дозволи изненадување и со гол во последната секунда прослави важна победа.