Избраниците на Кире Лазаров пред неколку часа ги имаа последните подготовки пред првиот натпревар од Европското првенство 2022.
Прв противник во групната фаза на Македонија ќе биде селекцијата на Словенија. Атмосферата во Дебрецин е позитивна, а тоа можеше да се забележи и на последниот тренинг пред дуелот со Словенците.
Тренингот на Македонците мина со песната „Послушајте патриоти“.
Натпреварот помеѓу Македонија и Словенија ќе стартува со почеток од 18:00 часот. Судии на оваа средба ќе бидат Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ од Австрија.