Пред точно четири години односно точно на 13 јануари на Европското првенство во Хрватска, репрезентацијата на Македонија направи одличен почеток на првенството откако го совлада истиот противник, селекцијата на Словенија со 25:24.
Македонија имаше одлична средба во која беше прикажана добра партија и беше најавен убав резултат, а првата фаза беше завршена на првото место откако беше обезбедена победа и против Црна Гора и реми против Германија.
Од средбата која беше одиграна пред четири години во составот на Македонија има седум ракометари кои и денеска се во состав, а тоа се Велковски, Стоилов, Талески, Миркуловски, Кузмановски, Георгиевски и Пешевски.
Кај Словенците од тој тим денеска ќе има шест играчи на терен, а тоа се: Благотиншек, Хенигман, Јанц, Зарабец, Мачковшек и Сухолежник.
МАКЕДОНИЈА – СЛОВЕНИЈА 25:24 (11:11)
Сала: Арена во Загреб. Судии: Константин Дин и Сорин-Лаурентиу Дину од Романија.
МАКЕДОНИЈА: Митревски ( 9 одб.), Ристовски (5 одб.), Манасков 8, Велковски, Стоилов 2, К. Лазаров 7, Прибак 1, Јоновски, Талески 1, Миркуловски 2, Маркоски, Кузмановски, Георгиевски 2, Ф. Лазаров 2, Поповски, Пешевски
Седмерци: 5/6, Исклучувања: 12 мин.
СЛОВЕНИЈА: Скок (15 одб.), Лесјак, Благотиншек 3, Вердинек, Хенингман 1, Магруч 2, Кавтичник 1, Јанц 3, Цингесар 3, Зарабец 3, Безјак 1, Гребенц, Жабиќ, Мачковшек 2, Млакар 4, Сухолежник 1
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 22 мин.