Србија на ЕП без Илиќ, Милосављев, Абутовиќ, Зеленовиќ…

Селекторот на репрезентацијата на Србија, Тони Херона го објави конечниот список на ракометари кои ќе настапат на Европското првенство, а меѓу избраните се најде и членот на Вардар, Дарко Ѓукиќ.

Добра вест за Србија е дека ракометарот на Мешков Брест, Стеван Сретеновиќ, кој на последното ПЦР тестирање добил негативен тест, после лекарските прегледи им се придружил на своите колеги.

Србите го очекуваат исходот од тестирањето и лекарските прегледи на Вања Илиќ. Двајцата поранешни членови на Вардар, Дејан Милосављев и Илија Абутовиќ, како и ракометарот на Гепинген, Немања Зеленовиќ, останаа во Стара Пазова поради позитивни резултати на Ковид 19. Тие би можеле да настапат на Европското првенство доколку Србија избори учество во втората фаза.

Претходно беше познато дека искусниот ракометар од Веспрем, Петар Ненадиќ, ќе го пропушти Европското првенство поради повреда.

Состав на Србија: Владимир Цупара, Милан Бомаштар, Тибор Иванишевиќ, Младен Шотиќ, Урош Борзаш, Петар Ѓорѓиќ, Марко Милосављевиќ, Лазар Кукиќ, Стеван Сретеновиќ, Ѓорѓе Ѓекиќ, Милош Обровиќ, Михајло Митиќ, Дарко Ѓукиќ, Богдан Радивојевиќ, Мијајло Марсениќ, Драган Пешмалбек, Живан Пешиќ и Вукашин Воркапиќ.

Србија натпреварите од првата фаза ќе ги игра во Сегед. Противници на избраниците на Тони Херона се селекциите на Хрватска, Франција и Украина.