Најголемиот адут на Босна и Херцеговина на претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка има коронавирус.
Станува збор за голманот на бундеслигашот Фленсбург, Бенјамин Буриќ, кој доби позитивен тест по пристигнувањето во Осијек за натпреварот со Хрватска.
Покрај Буриќ, позитивни резултати добија и двајца членови на стручниот штаб на босанскиот тим, кој нема да игра тест мечеви пред ЕП и се врати во Сараево.
Покрај Буриќ, неизвесни за настап се и кружните напаѓачи Сенјамин Буриќ и Владимир Врањеш.
Босна и Херцеговина е дел од групата Е заедно со Шведска, европскиот шампион Шпанија и незгодната Чешка.