Францускиот репрезентативец Елохим Пранди брутално беше нападнат во текот на новогодишната прослава пред еден од рестораните во Париз.
Таа ноќ Пранди беше шест пати прободен со нож, па веднаш е примен во болница. Сепак левиот бек на ПСЖ не е во животна опасност.
Француските медиуми откриваат дека причината за нападот на Пранди е расправија меѓу ракометарот и некое од присутните лица поради истурена чаша вода.
„Тој се спаси само поради својата добра физичка кондиција“, открила неименувана, но блиска личност на Пранди за француските медиуми.
Поради овој немил настан Пранди ќе го пропушти Европското првенство што ќе се игра во Унгарија и Словачка од 13 јануари.