Репрезентацијата на Литванија на Европското првенство во Унгарија и Словачка ќе настапи без лидерот Јонас Трухановичиус.
Левиот бек на Мотор Запорожје нема да може да им помогне на своите репрезентативни колеги во големиот предизвик.
Трухановичиус веќе подолго време има проблеми со коленото и поради тоа мора да направи операција. Искусниот ракометар подолго време беше надвор од ракометните терени и поради болки во грбот.
Литванците во првата фаза на Европското првенство ќе се соочат со селекциите на Словачка, Норвешка и Русија во рамките од Групата Ф.
Ракометарите на Литванија својот прв натпревар ќе го одиграат против Русија на 13 јануари во Кошице.