После 30 минути игра на првата контрола меѓу Македонија и Израел резултатот е 14:15, а овој резултат најавува интересно продолжение откако во првиот дел имаше возбудувања и надигрување од почетокот на средбата.
Од почетокот на средбата се влезе во мал грч. Репрезентацијата на Израел го диктираше темпото и беше во предност. Неколку минути траеше водството од еден или два гола така што Македонија се обидуваше да фати приклучок.
Ритамот почна да се засилува после 10. минута кога беше преземано водството. Со голот на Кузманоски, Македонија во 14. минута успеа да дојде до првата предност на оваа средба од 7:6 и тука ја презеде контролата на средбата. Митревски успеа да стигне три интервенции и со нив овозможи Македонија во 18. минута да има водство од 10:8.
Во 20. минута тајм-аутот, Израел успеа да се врати од негативата од два гола и да израмни на 10:10. Минута подоцна гостите имаа и водство од еден гол што доведе до нов пресврт, па ова беше знак дека Лазаров ќе мора да побара тајм-аут.
Ова не даде резултат бидејќи откако резултатот беше одново израмнет на 11:11 следуваше нова криза во играта, па брзо резултатот дојде до 11:13. Македонија успеа да намали одново на гол, но на секој погодок гостите враќаа. Така продолжи до крајот на првото полувреме, но на одмор се замина со гол негативата откако Мишевски со третиот гол донесе 14:15 пред заминувањето на одмор.
Во првите 30 минути три гола има постигнато и Костески додека два гола Кузмановски, а неколку ракометари по еднаш се запишаа меѓу стрелците. По еден гол имаа Велковски, Стоилов, Кузманоски, Ѓеоргиев, Талески и Серафимов.